Само четворица прогнозери ги погодија петте саботни дуели во понудата од 10 коло на Спортска прогноза и остануваат во трка за Среќна 13-ка. Денеска се играат осум меча, а преку 2.000 прогнозери имаат интересни фиксови да понудат.
Возбудувањата ќе започнат со дуелот Лидс – Фулам, а тука над 50 отсто веруваат во победа на домаќините, а речиси 30 отсто се за нерешено, а помалку од 20 отсто даваат шанса гостите да се радуваат. Слични се процентите и за следниот дуел меѓу Вулверхемптон и Лестер, каде едвај 22 отсто чекаат „двојка“.
Клермон со 71 отсто треба да слави дома против Брест, а интересно е дека дури 51 прогнозери чекаат реми на дуелот Троа – Лориен. Со 50 отсто за „икс“ се и прогнозерите за мечот Жирона – Осасуна, додека од сите мечеви најголема доверба се има дека Болоња ќе победи пред своите навивачи против Лече. Речиси 87 отсто веруваат во „кец“.
Лил е фаворит во дербито против Монако и 42 отсто се за домашен триумф, а 36 отсто за нерешено. Последен меч во понудата е италијанското дерби меѓу Рома и Наполи, а тука мали се шансите Римската волчица да победи. Во тимот на Жозе Мурињо веруваат 18 отсто, а за двојка се 45 отсто, додека реми типуваат 37 отсто од прогнозерите.
Око овие осум меча ги одиграте со три двознаци и пет фикса, се добива вкупна квота од 276.01, па за само 20 вложени денари, можната добивка е 5.520 денари.
1006 Лидс – Фулам 1 2.02
1008 Вулверхемптон – Лестер 1Х 1.33
1705 Клермон – Брест 1 2.40
1708 Троа – Лориен Х 3.35
3006 Болоња – Лече 1 2.20
1307 Жирона – Осасуна Х 3.05
1710 Лил – Монако 1Х 1.38
3008 Рома – Наполи Х2 1.38
——————————————————–
Вкупен коефициент: 276.01