Знаење, чувство, но и многу среќа треба да се има за да се погоди еден тикет како тој што во неделата беше уплатен во скопско Трубарево. Одиграни се само три меча, и тоа на играта „полувреме-крај“, и сите три се погодени.
Мајсторијата е во тоа што е погодено кој тим ќе води на полувреме, а погодено е дека на крајот сите три дуела ќе завршат нерешено. Фулам водеше со 0:1 на гостувањето на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, а Црвените ѓаволи израмнија во вториот дел за 1:1 по 90 минути игра.
Осасуна и Валенсија ремизираа 3:3, а домаќините по голема драма водеа со 3:2 на полувреме, иако имаа негатива од 1:2 во 32-рата минута. Во второто полувреме, Валенсија со гол во 87-мата минута стигна до 3:3.
Во италијанската Серија Б, Бари и Сампдорија ремизираа 1:1, а гостите на полувремето имаа предност, и тоа со гол постигнат во 45+2 минута. Бари израмни во 48-мата минута и тоа беше конечен резултат.
Со овие резултати, обложувачот кој уплати само 100 денари, успеа да погоди вкупен коефициент од 4.178, па вкупната добивка на крајот е неверојатни 355.214 денари.