Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, со победата над Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос во три сета, дојде до 23-та грен слем титула и притоа направи нешто што досега не му испеало на ниту еден тенисер во историјата.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1667931564469043201?s=20
Ѓоковиќ стана единствениот тенисер кој најмалку по три пати триумфирал на сите четири грен слем турнири. Новак има по три триумфи на Ролан Гарос и на САД опен, десет на Австралија опен и седум на Вимблдон.
Во женска конкуренција, дури три тенисерки им успеало вакво нешто, тоа се Маргарет Корт, Штефи Граф и Серена Вилијамс.