16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Со петарда против Њукасл англискиот шампион стаса на три чекори до нова титула

Манчестер сити не пропушти шанса со победа против Њукасл да направи три бода предност пред Ливерпул и е многу блиску до одбрана на титулата во англиското првенство.

Популарните Граѓани го декласираа ривалот со 5:0 и сега имаат 86 бода, три повеќе од единствениот конкурент Ливерпул.

Рахим Стерлинг и Ејмерик Лапорт со голови во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околку победникот на „Етихад“, а триумфот го потврдија Родри, Фоден и Стерлинг со нов гол во второто полувреме.

Ливерпул вчера на успеа да го победи Тотенхем, ремизираше дома 1:1 и има мали шанси за подвиг и за освојување на 20-та шампионска круна.

 

- Оглас -

Најнови вести