Со тројна формула Распадори доаѓа во Наполи

Џакомо Распадори ќе му биде соиграч на Елиф Елмас и се очекува Наполи по интересна формула да го ангажира репрезентативецот на Италија, кој сè уште е член на Сасуоло.

Распадори ќе дојде во Наполи како позајмен играч од Сасуоло, а клубот од регионот Кампања веднаш ќе плати пет милиони евра.

Во договорот за позајмица ќе има клаузула според која Наполи ќе мора да го откупи договорот на Распадори што го има со Сасуоло за 25 милиони евра, а ќе се вклучат и бонуси од пет милиони евра.

Џакомо има само 22 години, важи за еден од најперспективните напаѓачи и млади играчи во Италија, а веќе има 13 настапи за селекцијата А на Аѕурите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести