Со уплати од по 100 денари, до добивки од 100.000 до 150.000 денари (Фото)

Многу често обложувачите како вистинска тактика за креирање добитни тикети е кога се игра на голови. Токму два такви тикети се добитни во Лисиче и Струга. Интересно е дека двата тикети се одиграни само на голови и имаат уплата од по 100 денари, а добивките се меѓу 100.000 денари и 150.000 денари.

Мајсторијата на ливчето уплатено во Лисиче е тоа што се погодени седум натпревари одиграни во саботата и сите се на иста тактика. Да има од еден до два гола во првото и еден до два гола во второто полувреме. Квотите за оваа игра се движат од 2.70 до 2.95, а одиграни се мечеви од елитните европски лиги.

Тоа што е најинтересно, речиси сите натпревари лесно се излезени со оваа комбинација која е одиграно. Најголема драма било на Гимараиш – Санта Клара, каде што домаќините на полувреме водеа со 1:0, а погодокот за 2:0 е постигнат во 89-тата минута.

На крајот само со 100 вложени денари, добивката е 104.357 денари.

Во Струга тактиката за игра на голови е да има 2+ погодоци во првото полувреме. Тука на тикетот се одиграни осум средби кои се играа од петокот до неделата и сите се добитни.

На крајот само со 100 денари направен е добитен вкупен коефициент од 1.744 и нето-добивката е 148.332 денари.

- Оглас -

Најнови вести