Еден од најдобрите голови за оваа сезона беше постигнат во една од ниските лиги во Англија. Витеншер таун беше домаќин на Нортвич Викторија во рамките од Нортвест каунтри лигата, а домаќините на крајот победија со 3:0.
Младиот напаѓач Дариус Палма постигна два гола, а првиот погодок беше посебно атрактивен. Голманот на гостите истрча од голот да исфрли една топка, но тоа го направи лошо. Топката едвај стигна до половина на игралиштето, а таму беше Палма, кој погоди, но тоа што е неверојатно е летот на топката кон голот.
How about another angle? pic.twitter.com/uUJdXVNYnG
— Wythenshawe Town FC (@WTFC1946) July 31, 2022
Во еден момент делуваше дека топката ќе замине покрај голот, но на крајот заврши во аголот од голот, каде што голманот тешко дека ќе одбранеше дури и ако некој бранеше на самата гол-линија.

