-9.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Собослаи постигна еврогол, па се посрамоти, Ливерпул со „покер“ за третолигашот (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул со 4-1 славеа над третолигашот Барнсли во 1/32-финалето од англискиот ФА куп. „Црвените“ постигнаа три прекрасни гола, кој од кој поубав, но иако се очекуваше дека лесно ќе слават, противникот одигра храбро, па дури и во еден период опасно напаѓаше кон нивниот гол.

Серијата голови ја отвори Доминик Собослаи со вистински еврогол уште во деветтата минута.

На 2-0 зголеми Џереми Фримпонг во 36-тата минута, со уште еден убав гол, со лева нога од работ на шеснаесетникот.

Сепак, најкомичниот момент се случи во 40-тата минута, кога Доминик Собослаи прописно се посрамоти, па неговиот обид да ја врати топката до голманот со пета, заврши со асистенција до Филипс, кој погоди за 2-1.

На 3-1 зголеми Флоријан Вирц во 84-тата минута со пласиран удар од 20-тина метри, додека конечните 4-1 ги постави Уго Екитике во 94-тата минута.

Противник на Ливерпул во 1/16-финалето од ФА купот ќе им биде премиерлигашот Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести