Поранешниот шведски тенисер, Робин Содерлинг, кој во 2009 година ја имаше честа да го победи Рафаел Надал на земјените терени на „Ролан Гарос“, сега вели дека на годинешниот гренд-слем во Париз кој почнува утре, само Новак Ѓоковиќ може да ја спречи 12-тата титула на Надал на овој турнир.
Новак има победи над Рафа на земјена подлога, еднаш дури и во Париз, па затоа за Содерлинг, тој е единствениот што има некакви шанси да освои три сета против Шпанецот.
„Ѓоковиќ нема да го победи Надал како што тоа го прават другите тенисери, со агресивна игра и винери. Тој може физички да му се спротивстави. Ролан Гарос е најтешко да се освои, но ако Новак биде на нивото од финалето на Австралијан опен, може да го победи Надал. Ако е здрав, Надал повторно ќе биде главен фаворит. И Федерер има некои шанси, но ако Ѓоковиќ и Надал се здрави и подготвени, им давам предност“ – анализира Содерлинг.