Соиграч на Чурлинов го постигна голот на вечерта во Конференциската лига (Видео)

Екипата на Јагиелонија, за кој настапува и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов, со една нога е во четвртфиналето од Конференциската лига, откако го победи Серкл Бриж со 3-0 на домашен терен.

Најдобриот стрелец во третото по ранг натпреварување, Афимико Пулулу, постигна два гола и дојде до бројка од осум, но неговиот втор гол против Серкл Бриж беше вистинско ремек-дело. Анголецот се најде осамен во противничкиот шеснаесетник и се одлучи да бие со „ножички“, што на крајот се покажа како успешно, а гледачите се фаќаа за глава од неговиот потег.

Jagiellonia Białystok 3-0 Cercle Brugge – Afimico Pululu bicycle kick / great goal 78'
byu/4gjdtokurwa insoccer

- Оглас -

Најнови вести