Лоренцо Инсиње од наредното лето ќе го напушти Наполи и ќе игра за тимот од МЛС лигата, Торонто.
Иако се претпоставуваше дека целата своја кариера, со исклучок на неколку позајмици, Инсиње дека ќе ја мине во тимот од Неапол, сепак тоа не се случи. Сепак, неговиот соиграч, Дрис Мертенс кој воедно е и најдобар стрелец во историјата на клубот, не сака да слушне за заминување.
„Не ме интересираат никакви американски долари и сакам да го убедам газдата дека заслужувам нов договор, па макар и минимален, само за да останам во клубот.
Ги обожавам Наполи и Неапол, ваква љубов и блискост не сум почуствувал во ниту еден друг клуб и место и се надевам дека овде ќе ја завршам кариерата, но не во ова лето“ изјави Мертенс.
Соиграчот на Елиф Елмас е најдобар стрелец во историјата на клубот со 143 голови, пред Марек Хамшик кој има 121, додека Диего Армандо Марадона има 115 погодоци.