Елдор Шомуродов вечерва стана прв Узбекистанец кој постигнал гол во италијанската Серија А, но за негова жал и за жал на Горан Пандев, нивната Џенова дома загуби од директниот конкурент во борбата за опстанок, Парма, со 1-2. Двата гола за Парма ги даде Жервињо.
Пандев беше резерва и влезе во игра во 69-тата минута на местото на стрелецот Шомуродов, кој 19 минути претходно намали на 1-2 и испиша историја на узбекистанскиот фудбал. Џенова има црна серија од четири порази по ред, во последните шест кола освоија само еден бод, па останаа претпоследни на табелата.
Ова е утешниот гол на Џенова:
https://twitter.com/i/status/1333518758128836608