Соиграч на Пандев тренира сам затоа што постои страв дека има Коронавирус

Коронавирусот е главна тема во Италија веќе една недела. Поради опасниот вирус веќе беа одложени голем број на спортски настани, а и дуелите кои треба да се одиграат во следниот период се или под знак прашање дали ќе се одиграат или ќе бидат без присуство на публика.

За тоа колку се пази околу превенцијата од Коронавирусот, покажува ситуацијата која е во тимот на Џенова. Екипата во која настапува и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, го има подигнато ниво на претпазливост поради смртоносниот вирус.

Челниците на клубот одлучија играчот Едоардо Голданига да тренира одвоено од екипата, поради страв дека може да е носител на опасниот вирус. Фудбалерот засега не покажува никакви симптоми на вирусот, но фактот дека доаѓа од град во областа Ломбарија, која има најмногу заболеми во Италија, во Џенова решија да не ризикуваат.

Во следните неколку дена Голданига ќе тренира одвоено од останатите играчи, додека не бидат сигурни дека тој не е носител на Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести