Екипата на Ал-Феиха, во којашто настапува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, се пласира во финалето на Кралскиот куп на Саудиска Арабија.
Тие во вчерашното полуфинале го совладаа Ал-Итхад со 1:0, а нашиот репрезентативец влезе во самата завршница од средбата. Сепак, херојот на Ал-Феиха беше искусниот голман Владимир Стојковиќ, кој што, во најмала рака, правеше чуда на голот.
Тој спаси можеби три-четири чисти гола со своите брзи рефлекси, а потоа заслужено доби и пофалби од Алекс на социјалната мрежа „Твитер“, каде што му коментираше „Најдобар голман“.
Погледнете ги интервенциите на Стојковиќ, кој е најголемиот „виновник“ поради што овој тим ќе игра во големото финале од Кралскиот куп против најпознатиот тим од оваа држава, Ал-Хилал.
Thanks my boys🧡 https://t.co/PXsZR29GuN
— VLADIMIR STOJKOVIC (@STOJKE88) April 4, 2022