Соиграчите му го свртеа грбот – Во ПСЖ има бунт против Мбапе

Килијан Мбапе изминативе неколку месеци е во центарот на вниманието, но најчесто поради испади надвор од теренот.

Тој потпиша мегадоговор со ПСЖ, во кој практично му се дадени „одврзани раце“ при изборот на играчи, тренери и директори. Но, тоа не им се допадна на останатите ѕвезди во соблекувалната. Комуникацијата меѓу нив и Мбапе е на многу лошо ниво, а според последните информации, тие му го свртеа грбот.

За тоа говори и изјавата на Леандро Паредес, кој летово си замина од ПСЖ, а на едно новинарско прашање поврзано со Мбапе тој одговори.

„Не можам да зборувам за Мбапе, не можам да зборувам за некој со кого никогаш не сум имал нормален човечки однос“, изјави Паредес.

 

 

- Оглас -

Најнови вести