Соиграчите од Орландо го „смрзнаа“ Никола Вучевиќ (Видео)

Кошаркарите на Орландо меџик, во соблекувалната му подготвија „заседа“ на својот соиграч Никола Вучевиќ, и го полија и испрскаа со студена вода и мраз, како честитка за поканата за настап на ол-стар натпреварот.

Црногорскиот центар после победата над Индијана пејсерс беше изненаден од колегите, но со игрите заслужи да биде дел од спектаклот во Шарлот на 17 февруари. Скромниот Вучевиќ поцрвене во лицето од срам, но и од студената вода, и само со насмевка им одговори на колегите од тимот.

После шест години губење, конечно и во Орландо имаа причина за некакво славје. Меџик немале свој играч на ол-стар мечот уште од 2012 година.

Погледнете како изгледаше изненадувањето:

 

- Оглас -

Најнови вести