Соиграчите на Хари Магваер во Манчестер јунајтед вршат притисок врз раководството на клубот да му понуди нов договор на дефанзивецот, откриваат англиските медиуми.
Сегашниот договор на 32-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување сѐ уште не донесоа резултат. Неколку важни играчи инсистираат управата да го задржи Магваер.
„Играчите сметаат дека би било лудост да не му биде понуден нов договор. Хари помина низ многу подеми и падови во Јунајтед, но сè надмина и во моментов игра одлично. Тој е многу почитуван во соблекувалната и го пренесува своето искуство на помладите играчи како Ејден Хевон и Лени Јоро. Сите го ценат и го почитуваат, а поголемиот дел од тимот сака клубот да му понуди нов договор“, изјави извор од клубот за англиските медиуми.
Ова ја нагласува важноста на Мегваер во дефанзивата на Јунајтед и влијанието што го има врз помладите играчи, што може да биде клучен фактор во одлуката на управата.

