Соиграчот на Елмас има неверојатна животна приказна: Од чистач на кондури кој заработувал пола евро на ден, до врвот на Серија А

Виктор Осимен го предводи Наполи до фантастичен старт во италијанската Серија А.

Тимот во кој настапува и нашиот Елиф Елмас има осум победи од исто толку натпревари и се надева дека по неколку децении ќе успее да ја освои титулата во Италија.

Осимен, кој доаѓа од екстремно сиромашен дел на Нигерија, има неверојатна животна приказна.

Тој е роден во Лагос, а за да преживее, чистел кондури за помалку од половина евро, а сите пари оделе за прехранување на семејството.

Вистинско „богатство“ било кога ќе успеел да најде чиста вода, која подоцна ја продавал само за да го продолжи својот сон, а тоа е да биде професионален фудбалер.

„Кога само би знаеле низ што сè имам поминато за да дојдам до ова ниво, многумина би се зачудиле. Впрочем, кога би знаеле низ што се поминуваат фудбалерите од Африка за да успеат“, изјави Осимен во една прилика.

На 31 натпревар за Наполитанците, тој има постигнато 15 погодоци, а сезонава е најдобриот играч на тимот, со пет погодоци во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести