Соиграчот „пред нос“ му ја зема топката да шутира одлучувачки пенал, а Сон покажа како треба да реагира вистински капитен (Видео)

Репрезентацијата на Јужна Кореја на неверојатен начин се пласираше во полуфиналето на Азискиот куп, откако со пресврт славеше над Австралија со 2:1. Јужна Кореја губеше со 0:1 до 90+6 миута кога капитенот Сон Хеунг-мин беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник и судијата покажа на белата точка.

Иако сите очекуваа првата ѕвезда на тимот и капитен да ја презеде одговорноста да шутира за израмнување, тоа не се случи. Прв топката во свои раце ја зема Хванг Хе-Чан, кој ја намести на белата точка и беше спремен да шутира. Сон му пријде на Хванг, но кога виде дека неговиот соиграч нема шанси да отстапи, ѕвездата на Тотенхем се тргна без да му создава дополнителни нервози и стресови на изведувачот на пеналот.

„Тој сакаше да го изведе пеналот, иако селекторот побара јас да бидам изведувач. Но, кога се приближив до Хванг, видов колку самодоверба има и едноставно знаев дека треба да му верувам. Како капитен, наместо своето его, знаев дека на прво место треба да го ставам тимот и дека тоа е најважно. Сакав да покажам колку Хванг е важен за нашиот состав и му благодарам што постигна гол во толку важна и тешка ситуација“, рече Сон за ситуацијата тој да не го изведе пеналот во 96 минута.

https://www.tiktok.com/@sonsationalson/video/7331192503850372398?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7198908201856747014

Хванг погоди за 1:1 и мечот замина во продолженија, каде Сон повторно беше главна ѕвезда. Капитенот на Јужна Кореја, постигна прекрасен погодок од слободен удар за 2:1 за Јужна Кореја, што беше доволно за пласман во полуфиналето.

https://twitter.com/i/status/1753475827688509809

- Оглас -

Најнови вести