Солари: Требаше да сме во финалето, Валверде: Тоа е фудбалот

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, жали за елиминацијата од Барселона сред Мадрид, во Купот на Шпанија. Стратегот на мадридскиот гигант смета дека Реал е тимот кој требаше да игра во финалето, но едноставно кога ќе се примат три гола на свој терен, а нема да дадете ниту еден, не може да се игра во финалето.

„Требаше да дадеме гол и да бидеме во финалето. Создадовме многу шанси, а ниеднаш не погодивме. Во фудбалот има голови и шанси. Ние создававме шанси, но не дадовме голови. Тажни си одиме дома, но мора да продолжиме во овој ритам и победите ќе дојдат. Сè направивме, освен да дадеме гол“, рече Солари по синоќешниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“.

За разлика од Солари, сосема поинакво беше расположението кај стратегот на Барселона, Ернесто Валверде. Тој признава дека Барселона не одиграла добро, но во фудбалот се случуваат и такви натпревари кога ќе се победи и на таков дуел.

„Реал беше подобар во првото полувреме, а нам ни недостасуваше амбиција во нападот. Не игравме добро, ја губевме топката во опасни ситуации и тоа беше лошо за нас. Вакви работи се случуваат во фудбалот. Видете што ни се случи нам против Олимпик Лион во Лигата на шампионире. Упативме 25 удари, а не дадовме гол. Денеска сите три удари кои беа во рамките на голот беа погодоци“, рече Валверде.

- Оглас -

Најнови вести