Македонските навивачи од денеска напладне ќе можат да купат билети во онлајн-продажба за натпреварите на ракометната репрезентација на СП 2025. „Црвено-жолтите“ првата фаза ќе ја играат во за нас таличниот Вараждин, но цената на билетите воопшто не е популарна, напротив.
Влезниците ќе имаат цена по 50 и 70 евра, па тоа значи дека само за првата фаза ќе треба да се одвои завидна сума за да се набават билети.
Македонија на СП 2025 е во група со Унгарија, Холандија и со Гвинеја, па се очекува пласман и во следната фаза, со оглед дека ќе минат најдобрите три селекции.