Солиден Димитријевиќ – Каква драма во Бадалона, Препелиќ со тројка преку цел терен ја реши Дарушафака (Видео)

Клемен Препелиќ со прекрасен потег во последните моменти не дозволи продолженија во Бадалона, а со неговата тројка во последната секунда преку цел терен Хувентуд ја победи Дарушафака со 85:82 во меч од Еврокупот на Европа.

Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 8 поени за малку повеќе од 15 минути игра и одигра многу солиден меч за победничкиот состав.

Хувентуд губеше со 79:82, но со серија од 6:0 успеа да победи, а тројката на Препелиќ беше фантастична и постигната со звукот на сирената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести