Поранешниот фудбалер и тренер на Манчестер Јунајтед, славниот норвежанец, Оле Гунар Солскјер, во опсежно интервју зборуваше за својата кариера, но и за денешниот фудбал.
Раскажа како изгледаше соблекувалната на Манчестер Јунајтед кога тој играше фудбал.
– “Соиграчите во соблекувалната беа фантастички. Кин беше вистински лидер кого сите го слушаа. Дејвид Меј беше забавен, кловн. Гери Невил секогаш нешто работеше, беше најзафатен, како што е и денес. Ники Бат и Рајан Гигс беа забавувачи. Беше тоа одлична соблекувална полна со победници кои не сакаа да губат.“ – вели Солскјер.
Тој направи и споредба со денешните фудбалери за кои има многу критики за нивниот карактер.
– “Некогаш и ќе се искаравме после лош натпревар, но така и треба да биде. Мора малку да се освестите дека лошо ви оди. Ако сега го направите тоа, веднаш одат да плачат кај мајките, татковците, менаџерите … нежни се како снегулки. Нема денес многу играчи кои би преживеале во таа соблекувална.“