Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед дефинитивно е најголемиот трансфер кој летово се случи на британскиот остров. Со неговото доаѓање, јасно е дека му пораснаа амбициите на клубот како во домашниот шампионат така и во Лигата на шампионите.
Тренерот Оле Гунар Солскјер е оптимист пред почетокот на новата сезона во ЛШ, па на денешната прес-конференција најави дека неговиот тим е подготвен да оди до крајот.
„Со Кристијано Роналдо во тимот, дефинитивно можеме да одиме до самиот крај и да ја освоиме титулата. Јасно е дека патот до неа ќе биде тежок и дека има многу квалитетни екипи, но ние сме подготвени. Покрај него, ги имаме и Бруно Фернандеш, Давид де Хеа, а тука се и Хери Мегваер и Рафаел Варан, играчи кои исто така се од светска класа“ изјави Солскјер.
Во првиот меч од овогодишната групна фаза од ЛШ, Црвените ѓаволи играат на гости против Јанг бојс (18:45 ч.) во меч од групата Ф, каде што од 21 часот ќе се соочат и екипите на Виљареал и Аталанта.