Солскјер го чека истата судбина како Мурињо ако загуби од Ливерпул

Пораз од Ливерпул во следното коло од Премиер лигата ќе значи крај за Оле Гунар Солскјер во Манчестер јунајтед. Тоа го тврдат англиските медиуми, но и самиот норвешки стратег е свесен за ситуацијата и негативен резултат не е опција за него. Солскјер може да го снајде истата судбина како и Жозе Мурињо доколку во најголемото англиско дерби Црвените ѓаволи претрпат ново разочарување.

Токму поразот од Ливерпул ја прелеа чашата, по што Мурињо доби отказ од кормилото на Јунајтед во декември минатата година, а сега Јирген Клоп повторно ќе биде во улога на џелат за предводникот на гигантот од „Олд Трафорд“. Ситуацијата во клубот е прилично лоша, наводно голем дел од играчите ја загубија довербата во Солскјер, исто како и навивачите.

Најголем проблем во тимот е тоа што недостасува класичен голгетер, откако замина Лукаку, Јунајтед не доведе замена, а Рашфорд не може да одговори на задачата. Иако на Солскјер одлично му тргна како привремен тренер, откако потпиша перманентен договор, Манчестер претрпе седум порази во Премиер лигата, само Ватфорд, Брајтон и Саутхемптон имаат повеќе загубени натпревари од Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести