Манчестер јунајтед вчера го претрпе првиот пораз во англиската Премиер лига под водство на Оле Гунар Солскјер откако загуби во дербито од Арсенал со 0-2 во Лондон. „Црвените ѓаволи“ имаа свои шанси, но не ги искористија, а Арсенал со по еден гол во двете полувремиња успеаја да стигнат до посакуваниот триумф. Со оваа победа, топчиите“ стигнаа и до посакуваното четврто место на табелата, кое води во Лигата на шампионите.
Токму фактот дека Манчестер сега е петти, а со победа можеше да биде на трето место е причина тренерот Солскјер да биде многу разочаран.
„Не заслуживме да загубиме. Можеби претходно добивавме некои мечеви кои не требаше да ги победиме, но овојпат не заслуживме да бидеме поразени. Така е во фудбалот. Чувствувам како да го допревме дното. Навистина многу голема штета бидејќи со победа ќе бевме и пред Тотенхем“, рече Солскјер.
Откако дојде во Манчестер, Солскјер постави клупски рекорд од девет победи по ред на гостински терен, а го однесе тимот и во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако го елиминираше ПСЖ.