Солскјер го победи Лестер, па замина во Лион да го гледа ПСЖ

Оле Гунар Солскјер не порестанува да воодушевува откако е дојден во Манчестер јунајтед. Норвешкиот стратег денеска одлично заврши уште една задача, откако „црвените ѓаволи“ славеа со 1:0 на тешкото гостување кај Лестер. Со оваа победа Солскјер стигна до деветата победа во 10 меч откако е пристигнат на „Олд Трафорд“.

Сепак, гостувањето кај Лестер, не беше единствената важна агенда за Солскјер за денеска. Веднаш по завршување на мечот на стадионот „Кинг Пауер“, Солскјер реши да замине во Франција и тоа на дербито меѓу Олимпик Лион и Пари Сен Жермен.

Причина поради која Солскјер отпатува во Лион, беше да може во живо да ја следи играта на ПСЖ, противникот на Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите. Камерите на стадионот уште во првиот дел го уловија Солскјер, кој во 17 часот беше на стадионот во Лестер, а само четири часа подоцна веќе седеше на трибините на стадионот во Лион и ја „снимаше“ играта на ПСЖ. За помалку од четири часа, Солскјер најде начин како да помине повеќе од 1.000 километри за да си заврши уште една „домашна задача“.

https://twitter.com/KhaledH95526736/status/1092159397193809921

- Оглас -

Најнови вести