Солскјер го продолжи договорот, а КПР му приреди шок на Манчестер

Оле Гунар Солскјер денеска доби продолжување на договорот со Манчестер јунајтед и ќе остане на чело на гигантот од „Олд Трафорд“ до 2024 година. Само неколку часа по продолжувањето на договорот, Солскјер доби непријатна честитка од Квинс Парк Ренџерс. Во пријателски меч, КПР со 4:2 го победи Манчестер јунајтед.

Црвените ѓаволи поведоа со голот на Лингард во третата минута, а Остин израмни четири минути подоцна. Вистинско шоу имаа фудбалерите на КПР во второто полувреме и тоа во периодот од 52 до 59 минута, кога постигнаа три гола за убедливо водство од 4:1. Во вториот дел, двете екипи направија повеќе измени, а до крајот на средбата, Манчестер преку Еланга намали на 4:2.

Неочекувано загуби и Борусија Дортмунд од Атлетик Билбао со 0:2. Во првото полувреме, Халанд промаши неверојатна шанса за Милионерите, а потоа во вториот дел, шпанскиот тим со погодоци преку Гарсија и Вивијан стигнаа до победа над германскиот тим.

Борусија Менхенгладбах минимално со 1:0 го победи Мец, а Лестер немаше „муниција“ и одигра без голови против Бартон. Најефикасен тим беше Вест хем  кој со 6:2 славеше над шкотскиот гигант Селтик.

 

- Оглас -

Најнови вести