Солскјер: И понатаму пеналите ќе ги изведуваат Погба и Рашфорд

Оле Гунар Солскјер на интересен начин ги прокоментира новиот утнат пенал од страна на неговите фудбалери. Менаџерот на Манчестер јунајтед го критикуваа минатата недела зошто Пол Погба шутирал пенал, а не Маркус Рашфорд кој бил сигириен изведувач, додека сега кога утна и Рашфорд, се покажува дека белата точка е црна за „црвените ѓаволи“.

Ако Погба против Вулверхемптон и Рашфорд против Кристал палас го реализираа пеналите, тимот сега ќе имаше барем три бода повеќе од актуелните 4.

„Два меча, имаме два нереализирани пенали, и тоа е дел од фудбалот. Понекогаш се случува, и јас самиот имам утнато неколку пенали. Кога би ги погоделе, ќе беше поинаква приказна. Веруваме дека Пол и Маркус повторно ќе изведуваат и ќе даваат голови од таа позиција“ – смета Норвежанецот.

- Оглас -

Најнови вести