Солскјер има магија, Јунајтед се спаси од пораз на чудесен начин

Оле Гунар Солскјер ја има магијата, а Манчестер јунајтед на чудесен начин се спаси од сензационален пораз против Барнли. Домаќините имаа негатива од 0-2 до 87-мата минута, и тоа на „Олд Трафорд“ со головите на Барнс и на Вуд за гостите, но на сцена стапија играчите на Јунајтед.

Пол Погба од пенал намали на 1-2 во 87-мата минута, а со погодокот на Виктор Линделоф во 92-рата минута Манчестер јунајтед израмни на 2-2 и освои еден бод.

Ова е девети меч за Солскјер како менаџер на Манчестер јунјатед и прво реми, со осум победи.

Вториот премиерлигаш од Манчестер, Сити не го повтори подвигот на градскиот ривал и загуби од Њукасл со 1-2 на гостински терен.

Тука приказната беше сосема поинаква, а Њукасл направи комплетен пресврт со головите на Рондон и на Ричи од пенал и двата во второто полувреме, откако Агуеро на самиот старт од мечот погоди за Манчестер сити.

Резултати: Арсенал – Кардиф 2-1, Фулам – Брајтон 4-2, Хадерсфилд – Евертон 0-1, Вулверхемптон – Вест хем 3-0, Манчестер јунајтед – Барнли 2-2, Њукасл – Манчестер сити 2-1.

- Оглас -

Најнови вести