25.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Солскјер има мака со еден од клучните играчи во Јунајтед

Манчестер јунајтед ќе го пропушти отворањето на новата сезона во Премиер лигата, а со обврски во англискиот шампионат ќе почне следниот викенд, поточно на 19 септември против Кристал палас.

За тој меч Оле Гунар Солскјер нема да смета на клучниот играч Пол Погба, кој се зарази со корона-вирус пред речиси еден месец и дури сега почна да тренира со екипата.

„Не сум 100% сигурен дека Погба ќе биде подготвен за следниот викенд“, накратко истакна норвешкиот стратег.

Во нападот на Црвените ѓаволи веројатно ќе отсуствува и Маркус Рашфорд, кој се здоби со повреда во пресрет на циклусот во Лигата на нациите и ги пропушти мечевите за Англија.

- Оглас -

Најнови вести