18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Солскјер има моќна порака за да го задржи Кавани

Оле Гунар Солскјер му упати интересна порака на Единсон Кавани со цел да го задржи Уругваецот во Манчестер јунајтед барем уште една сезона.

„Остани во Манчестер јунајтед за да го почуствуваш амбиентот кога се дава гол пред 70-80 илјади гледачи на Олд Трафорд, пред најдобрите навивачи на светот. Нема подобро“ му порача Соскјер на двојниот стрелец против Рома.

Кавани се уште нема играно пред полн капацитет на „Олд Трафорд“, откако е играч на Манчестер јунајтед, секако поради пандемијата со Ковид-19 и забраната за посета на навивачи на трибините на култниот стадион.

Вчера Уругваецот со два гола на почетокот на второто полувреме донесе пресврт против Рома во победата од 6:2, а покрај двата погодоци имаше и две асистенции.

Кавани најави дека ќе го разгледа предлогот на Манчестер јунајтед за продолжен престој за уште една година.

 

- Оглас -

Најнови вести