Солскјер како да сака да најави дека ќе си оди од „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед продолжува да победува во Премиер лигата, откако на „Олд Трафорд“ со 3:2 славеше против Саутемптон. Во неизвесен меч, Манчестер губеше на полувремето, потоа поведе со 2:1, а гостите израмнија на 2:2. Сепак, „црвените ѓаволи“ стигнаа до трите бода и тоа благодарение на погодокот на Ромелу Лукаку во 89 минута.

„Како играч сум бил дел од многу вакви мечеви, посебно кога напаѓаме пред „Стретфорд Енд“ во второто полувреме. Таа трибина едноставно ја влече топката кон голот. Затоа најубаво место да постигнете гол е пред „Стретфорд Енд. Имавме повеќе верба и карактер, отколку квалитет на овој меч. Сепак, најважно е што ги освоивме трите бода“, рече тренерот на Манчестер Оле Гунар Солскјер.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед стигна до посакуваното четврто место на табелата, но сега е блиску дури и до третата позиција, бидејќи Тотенхем има само три бода повеќе. Тренерот Оле Гунар Солскјер, откако во декември седна на клупата на најтрофејниот клуб, екипата доби дури и шампионски карактер, па уште нема ниту еден пораз во Англија.

Иако на сите им е јасно дека токму Солскјер е најзаслужен за овие победи на Манчестер, ситуацијата околу тоа дали норвешкиот стратег ќе остане на чело на клубот, засега е уште неизвесна. Солскјер даде и една изјава која некои ја протолкуваа дека ќе си замине на крајот од сезоната.

„Три бода сме позади Тотенхем, а има уште девет меча до крајот. Ќе биде многу интересно. Одлучив дека треба да уживам во секој момент додека сум тука. Среќен сум за екипата“, додаде Солскјер.

 

- Оглас -

Најнови вести