Солскјер ќе има двојна мисија против Лајпциг

Манчестер јунајтед го пречекува Лајпциг во дуел на кој евентуалниот победник ќе стигне до шест бода и ќе биде многу блиску до реализација на мисијата за поминување на групната фаза. Англискиот гигант е далеку поискусен тим од Лајпциг, но германнскиот клуб минатата сезона блесна во ЛШ и стигна до полуфиналето, па секако воопшто не е за потценување.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, освен што ќе треба да најде начин како неговиот тим да стигне до трите бода, ќе се фокусира и на Дајо Упамекано, дефанзивецот на Лајпциг. Тоа е играчот што Солскјер сака да го види во своите редови.

Младиот Французин пред четири сезони се покажа во тимот на Ред Бул Салцбург, а потоа направи трансфер во посилниот тим на Ред Бул, а тоа е Лајпциг. Со игрите во Лајпциг доби повик и за националниот тим и веќе има три настапи и еден гол во дресот на Франција.

Актуелниот договор на Упамекано му е до јуни 2023 година, но има клаузула во која се вели дека на крајот од сезоната може да си замине за 45 милиони евра. Солскјер веќе подолго време го сака Упамекано во својот тим, а вечерва ќе има можност на дело против Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести