Солскјер: Не е важно дали вечер ќе го заземеме првото место, важно е во мај да бидеме први

Менаџерот на Манчестер јунајтед, норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер, вели дека не му е толку важно дали неговиот тим ќе победи или ќе ремизира вечерва против Барнли, со што би се искачиле на првото место во Премиер лигата. Манчестер ако остане непоразен вечерва, во големото дерби на „Енфилд“ в недела ќе влезе како лидер на табелата.

Фановите на Црвените ѓаволи уште од повлекувањето на Алекс Фергусон чекаат ваква ситуација, 20-кратниот првак да биде прв во оваа фаза од шампионатот, но на Солскјер она што би му значело е тимот да биде прв во мај.

„Не сакам фудбалерите да размислуваат каде би била нашата позицијата на табелата по овој меч, туку да мислат на позицијата која ќе ја имаме на крајот на мај. Тоа е важното. Бодови треба да се собираат цела сезона, а не да се задоволуваме со прво место во јануари“, вели Норвежанецот.

Во обложувалниците Манчестер сити останува прв фаворит за титулата, потоа следуваат Ливерпул и Манчестер јунајтед, четврти е Тотенхем, додека сите други се далеку позади.

- Оглас -

Најнови вести