Солскјер не се предава: Нема да му дозволиме на Сити да ни побегне премногу

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека не се предава во трката со Манчестер сити за титулата во Премиер лигата и дека неговиот тим нема да им дозволи на Граѓаните да се одлепат. По ремито против Вест Бромвич албион, Јунајтед заостанува седум бода зад Сити, а Сити има и меч помалку.

„Веќе кажав дека не треба да зборуваме за титулата. Комплименти за моите играчи кои го доведоа тимот до ваква позиција. Нема да го оставиме Манчестер сити да ни побегне премногу, наскоро играме со нив. Нема да се предадеме”, вели Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести