Солскјер: Ни следната сезона нема да може да им парираме на Сити и Ливерпул

Манчестер јунајтед вечерва го има можеби наважниот меч од сезоната, дербито против градскиот ривал Сити. „Црвените ѓаволи“ се во криза, но мора да победат ако сакаат да останат со реални шанси во трка за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона. Сепак, ќе биде многу тешко да се победи ако се знае дека и на Сити му се потребни бодовите за да остане во шампионска трка со Ливерпул.

Јунајтед веќе има 24 бодови помалку од лидерот Ливерпул и втора сезона по ред нема да освои никаков трофеј. Ова на гигантот од „Олд Трафорд“ му се нема случено уште од далечната 1989 година, две години по ред да помине без пехар.

Тоа што е уште пострашно, е изјавата на тренерот Оле Гунар Солскјер. Норвешкиот стратег не влева никаков оптимизам и за следната сезона.

„Нема да имаме капацитет и за следната година да се бориме за титулата со Сити и Ливерпул. Не може да очекувате да ги стигнеме преку ноќ. Тоа се прави постепено. Треба да бидеме реални и да одиме чекор по чекор. До тоа нема да дојдеме ако летово продадеме и купиме по 10-мина нови играчи. Мора да работиме полека, но сигурно“, вели Солскјер.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести