Солскјер останува на клупата на Јунајтед, дури и ако загубат од Ливерпул

Извршниот директор на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард, застана зад менаџерот Оле Гунар Солскјер и рече дека местото не му е зафрозено на Норвежанецот, дури и при неповолен резултат против Ливерпул в недела.

Пораз од ривалот би го подложил тренерот на „црвените ѓаволи” под голем притисок, но клубот му дава 100-процентна поддршка на Солскјер.

„Визија на Оле се совпаѓа со основните три фудбалски цели, кои ги имаме како клуб, а тоа се освојување на трофеи, напаѓачки фудбал и давање шанса на младите играчи. Во средината на минатата сезона тимот играше брз фудбал, се видоа стилот и филозофијата. Истотака, тој ја врати дисциплината која беше загубена во претходните години”, рече директорот на Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести