Солскјер откри зошто Кавани нема да игра против својот поранешен клуб

Пари Сен Жермен против Манчестер јунајтед е дербито на првиот ден од отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Најтрофејниот англиски клуб гостува во Париз на теренот на клубот кој уште од сега е меѓу најголемите фаворити за освојување на трофејот.

Овие два тима само двапати имаат играно во ЛШ, и тоа во нокаут-фазата пред една и пол година. Манчестер тогаш во првиот меч загуби дома, а на реваншот со 3:1 славеше во Париз и го елиминира ПСЖ. Сега повторно францускиот првак е голем фаворит за победа, но тоа треба да го докаже на терен.

Манчестер ќе гостува без засилувањето кое летово дојде токму од ПСЖ. Единсон Кавани го облече дресот на Црвените ѓаволи, но нема да игра против ПСЖ, а тренерот Оле Гунар Солскјер објасни зошто е тоа така.

„Сакавме Кавани да дојде со нас, но тој подолго време нема играно. Решивме дека е подобро да продолжи со тренинзите и уште подобро да се подготви. Еди знае што треба да прави и што ни е нам потребно. Сега не се чувствува доволно подготвен за да игра“, рече Солскјер.

Освен Кавани, во Париз ќе ги нема ниту капитенот Мегваер, како и Гринвуд, Лингард и Бејли.

- Оглас -

Најнови вести