Солскјер: Ова е духот на Манчестер, секогаш веруваме во себе!

Ни три месеци нема како е на клупата на гигантот од „Олд Трафорд“, а Оле Гунар Солскјер веќе испиша неколку неверојатни рекорди. Норвежанецот кој како играч беше европски првак со Манчестер, сега се обидува да направи чудо и како менаџер на „црвените ѓаволи“.

Едно чудо веќе се случи синоќа. Манчестер на гостински терен во Париз успеа да победи со 3-1 против ПСЖ и на тој начин да стане првиот клуб во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да оди понатаму во следната фаза, а првиот меч на домашен терен го загубил со два гола разлика.

„Ова е ноќ за памтење. Фантастично. Ова е духот на Манчестер јунајтед. Секогаш веруваме во себе. Момците беа фантастични. Да се биде аутсајдер со Манчестер е малку необично чувство, но играчите одлично реагираа. Им реков да излезат на терен и да покажат што знаат. Знаевме дека ќе мораме да се браниме како никогаш досега, да трчаме повеќе од кога било претходно, но и дека имаме шанса. Сакавме брзо да дадеме гол, но не очекувавме дека тоа ќе го направиме само по две минути игра. Тоа го отвори мечот. Сакавме многу погодоци и дадовме. Треба да продолжиме да работиме вака и да имаме што е можно повеќе вакви радости“, рече пресреќниот менаџер на Манчестер, Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести