Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кажа многу пофални зборови за своите играчи од средниот ред Пол Погба и Бруно Фернандеш.
„Нашите напаѓачи знаат дека покрај нив има играчи кои може да им креираат шанса од нигде-никаде. Бруно знае да создаде шанса на лимитиран простор, а и Пол знае да изведе креативни потези. Двајцата се многу креативни, знаат да додадат како што треба, тие се фудбалери со големи индивидуални квалитети. Да се биде централен напаѓач во тим во кој има вакви двајца играчи, е вистинска среќа. И јас исто се чувствував кога играв со Сколс, Верон, Бекам, Гигс“, вели Солскјер.
Погба, кој се мачеше со повреди, сезонава одигра 11 меча и има три асистенции, додека Бруно, кој дојде во јануари, на 12 меча има по четири гола и асистенции.