23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Солскјер повика уште една легенда од шампионскиот Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солскјер најавува ново изненадување за сите навивачи на Манчестер јунајтед. Норвешкиот стратег го покани во стручниот штаб на „црвените ѓаволи“ да се приклучи Пол Сколс. Тоа е играч од шампионските денови на Манчестер. Сколс ги освои сите најзначајни трофеи и одлично соработуваше со Солскјер на теренот. Сега Солскјер го кани да бидат заедно и во тренерскиот табор на најтрофејниот англиски клуб.

„Веројатно има свои причини зошто Пол реши да си оди, но јас му пратив порака. Го поканив да дојде тука ако сака и да поразговараме околу идејата да се врати во нашиот клуб“, откри Солскјер.

Сколс неодамна ја започна тренерската кариера. Пред само 31 ден беше промовиран во тренер на Олдам, но самиот реши да си замине по еден месец работа.

 

- Оглас -

Најнови вести