Манчестер јунајтед е во бласкава серија без пораз на 12 меча, откако на клупата пристигна Оле Гунар Солскјер, па сега веќе и не е аутсајдер против Пари Сен Жермен, како што тоа изгледаше при ждрепката за осминафиналните двојки во Лигата на шампионите.
„Личиме на тим што има верба во себе, играме добро и ако има вистинско време за голем меч, тоа е денеска против одличниот состав на Пари Сен Жермен. Ќе играат без тројца важни играчи, што секако е хендикеп за нив, но тоа ги прави непредвидливи. Шансите и за мечот денеска и за конечниот исход се израмнети“, вели Оле Гунар Солскјер.
Со неговото доаѓање во клубот за кој настапуваше како играч работите се сменија од корен. Сега Манчестер јунајтед е вистински предизвик за секој состав на планетата што треба да се победи, по серијата од 12 меча без пораз.
Се разигра Пол Погба, играч кој изгледаше незаинтересирано на теренот под команда на Жозе Мурињо. На спротивната страна ќе биде Марко Верати и тој дуел на двајцата одлични играчи за врска е во фокусот и може да биде клучен за исходот на двомечот.
Голем хендикеп за денешниот меч на „Олд Трафорд“ за ПСЖ ќе биде отсуството на Кавани, Нејмар и Муние. Натпреварот ќе се игра од 21 часот.