Солскјер: Снимав спот за Јунајтед, би било чудно да не бидам тренер следната сезона

Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер оствари 12 победи од 15 натпревари во сите конкуренции. Иако управата на клубот нема донесено конечна одлука за нов менаџер додека Норвежанецот ја врши должноста на привремен тренер, речиси сите навивачи имаат желба да го видат Солскјер и следната сезона на клупата на „црвените ѓаволи“.

Норвешкиот стратег учествуваше во промотивната реклама за продажба на сезонски билети за следната сезона, а вели дека би било чудно да не ја задржи работата на „Олд трафорд“ по снимањето на рекламата.

„Дел сум од рекламата, апелирам до навивачите да купуваат сезонски билети. Би било чудно да бидам учествувам во рекламата, а да не бидам тренер на Јунајтед следната сезона. Не знам што би им одговорил на моите деца ако ја видат таа реклама, а јас сум во Норвешка, наместо во Манчестер. Сепак, тоа е дел од оваа работа, истото важи и за фудбалерите – Еден ден си тука и снимаш реклама, следниот ден на твое место стои некој друг“, истакна Солскјер.

Јунајтед моментално игра против Саутхемптон на домашен терен во рамките од 29-тото коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести