Солскјер со порака до дел од играчите: Треба да се вратите во реалноста

Манчестер јунајтед го заврши сонот во Лигата на шампионите и по поразот од Барселона на „Камп ноу“ од 3-0, сега ќе може да се фокусира само на мечевите во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе стигнат до позиција која ќе ги однесе во Лигата на шампионите и за следната сезона.

Првиот следен предизвик за Манчестер е гостувањето кај Евертон. Тренерот Оле Гунар Солскјер не е задоволен од формата во која се играчите на „црвените ѓаволи“. Манчестер има пет порази во последните седум средби во сите натпреварувања, а победите над Ватфорд и Вест хем, според многумина, беа среќни. Солскјер вели дека во изминативе неколку месеци добро ги запознал сите играчи, но некои треба да бидат посериозни.

„Во изминативе неколку месеци добро ги запознав играчите. Повеќето од нив имаат импресивен став, но има и такви кои треба да се вратат во реалноста“, вели Солскјер, кој не ги откри имињата на тие играчи, но потенцираше дека разговарал со неколкумина фудбалери, меѓу кои бил и Ентони Марсијал. „Зборував со неколкумина играчи, меѓу кои и Марсијал. Сакав да му кажам што очекувам од него. Тој е голем талент, доби нов договор и сега знае што треба да прави. Секој играч треба да се бори за место во екипата. Не е важно дали е тоа Ентони, Маркус или Ромелу“, рече Солскјер.

 

- Оглас -

Најнови вести