Солскјер: Толку сме блиску до целта и нема шанси сега да се откажам

Оле Гунар Солскјер признава дека го претрпел најтешкиот пораз во својата тренерска кариера, откако Манчестер јунајтед со 0:5 загуби од Ливерпул на „Олд Трафорд“. Менаџерот на Црвените ѓаволи вели дека нема шанси да се откаже и да си замине од Манчестер, посебно затоа што три и пол години работи со оваа екипа и верува дека е блиску до целта која ја има тој зацртано.

„Ова е најцрниот ден за мене откако сум поставен да ги водам овие играчи. Не бевме добри и противник како Ливерпул тоа знае да го искористи. Одлично ги искористија сите шанси, а ние нашите не. двата гола што ги примивме пред крајот на првиот дел означија крај на мечот. Мора најбрзо што можеме да го заборавиме овој резултат и да одиме понатаму. Премногу далеку стигнавме заедно како екипа и сега сме толку блиску и не смееме да се откажеме“, рече Солскјер по срамниот пораз од Ливерпул. Интересно е дека Солсјкер најголемата „поддршка“ на трибините ја доби од фановите на Ливерпул, кои му скандираа дека не смее да си замине од клупата на Манчестер јунајтед.

За Манчестер јунајтед ова е најтежок пораз на свој терен во последните 66 години.

- Оглас -

Најнови вести