17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Солскјер загуби важен играч за стартот на новата сезона

Маркус Рашфорд ќе го пропушти стартот на сезоната и веројатно нема да игра во првите 10 кола од Премиер лигата откако англискиот напаѓач се реши за операција на рамото, повреда која го мачи подолго време.

Оваа повреда делумно ја разјаснува ситуацијата со Рашфорд и неговата улога на резерва за време на Европското првенство со Англија, на кое Рашфорд беше еден од трагичарите во пенал-рулетот против Италија во големото финале.

Голгетерот на Црвените ѓаволи ќе оди на операциски зафат кон крајот на овој месец, по што му следува пауза од околу 12 недели. Големи се шансите Солскјер да не смета на услугите на Рашфорд во дербијата против Ливерпул и Тотенхем, кои се закажани кон крајот на октомври според распоредот од новата сезона во Премиер лигата.

Јунајтед инаку ја почнува сезоната во ПЛ на домашен терен против Лидс на 14 август.

- Оглас -

Најнови вести