Солскјер збеснал по поразот од Кардиф: Ќе избркам половина од вас

Начинот на којшто Манчестер јунајтед ја финишираше сезоната во Премиер лигата толку многу го налути менаџерот Оле Гунар Солскјер, што тој по поразот од 0-2 од Кардиф на „Олд Трафорд“, со висок тон им порачал на играчите дека половината ќе ги избрка.

Сведоци тврдат дека Норвежанеџот како избезумен се дерел во соблекувалната, а сите останати биле со спуштени глави и молчеле. Оле Гунар бил незадоволен од односот на играчите за време на тренинзите и натпреварите. Порачал дека без разлика кој како се вика и колкава плата ќе зема, ќе ги избрка сите што немаат желба да го носат дресот на клубот.

Јунатед сезоната во Премиер лигата ја заврши на шестата позиција, која носи место во Лигата на Европа, а ако Ватфорд го освои ФА купот, тогаш „црвените ѓаволи“ кон крајот на јули ќе мора да играат и квалификации за ЛЕ.

За очекување е дузина играчи да го напуштат Манчестер, меѓу нив и најскапоплатените: Пол Погба и Алексис Санчес, кои според „Сан“ имале лош придонес на теренот, а притоа ја расипувале атмосферата во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести