Мексиканскиот стручњак Хавиер Агире, веќе не е селектор на националниот тим на Египет. Ова е очекуван расплет на ситуацијата во земјата на фараоните, после шокантната елиминација уште во осмина-финалето на Африканскиот куп на нации, кој се игра токму во Египет.
Земјата домаќин имаше амбиција да го освои африканското првенство, но играше лошо и прерано, но заслужено, испадна. Синоќа Мохамед Салах и другарите беа поразени од Јужна Африка со 0-1. Овој пораз тешко им падна на домашните, ѕвездата на Ливерпул беше меѓу најтажните додека го напуштаа теренот, не можеше да ги запре солзите, а неколку часа подоцна Агире доби отказ.
Оставка понуди и претседателот на египетската фудбалска федерација, а истото им го препорача и на сите членови на извршниот одбор. Агире кој има 60 години, а на чело на Египет не беше ниту 12 месеци, после поразот ја презеде одговорноста за поразот, и истакна дека е горд на играчите.
И селекцијата на Уганда остана без селектор, но тоа е неочекувано. Себастијан Десабар е сменет, иако тимот со пласманот во осмина-финалето (првпат после 41 години), ги надмина очекувањата и направи успех на Афкон.