Солзите не му дозволуваа да зборува без прекин, емотивниот Каземиро се прости од Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер Каземиро на денешната церемонија во Мадрид имаше официјално простување од Реал, а не изостанаа и солзите.

Присутни беа неговите досегашни соиграчи со кои освои 18 трофеи во дресот на Кралскиот клуб, семејството, тренерот Карло Анчелоти, претседателот на клубот Флорентино Перес.

Каземиро во Реал дојде во зимата 2013 година. Освои пет титули во Лигата на шампионите, а иако имаше мотивација да се бори за уште пехари, реши да се нафати на нов предизвик и да премине во Манчестер јунајтед, од кого доби феноменална понуда. Во Јунајтед ќе биде претставен вечерва, а познато е дека таму ќе го носи дресот со бројот 18, кој своевремено го имаше легендарниот Пол Сколс.

„Ќе зборувам од срце. Освоив многу трофеи, но најдобро беше кога станував сите овие денови за да одам на тренинг. Им благодарам на сите соиграчи и на претседателот, без нив ова немаше да биде можно. Не можам да си одам без да зборувам за Модриќ и Крос. Уживав да играм со нив. Еден ден ќе се вратам тука“, рече Каземиро, кој не можеше да ги контролира емоциите, па се појавија и солзи во неговите очи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести